Првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес во име на Владата потпиша Меморандум за разбирање со американската компанија Бехтел Енка за изградба на Коридорот 8 и 10Д.
За време на церемонијата на потпишување присуствуваа и американската амбасадорка Н.Е Кејт Мари Бирнс, министерот за Транспорт и врски г. Благој Бочварски и директорот на Претпријатие за Државни патишта, г. Ејуп Рустеми.
Како голем проект, овој Коридор ќе има директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните и врз економијата на земјата.
„Коридорот 8 претставува добра можност за Република Северна Македонија, и од политички аспект, бидејќи ќе и овозможи на земјата да добие нова геополитичка тежина како мост помеѓу балканските земји. Овој проект ќе помине низ Тетово, Гостивар, Кичево, Требеништа во Струга и до Ќафа Сан“, изјави по потпишувањето на Меморандумот, првиот Вицепремиер г. Груби.
Според него, овој Меморандум за разбирање предвидува преструктуирање на постојната инфраструктура, но и нови градежни работи.
„Коридорот 8 е еден од десетте трансевропски коридори кои се дизајнирани да ја олеснат размената на стоки и луѓе меѓу земјите од Европската Унија, балканските земји кои имаат пристап до Црното Море и Каспиското Море и земјите од Централна Азија. Важноста на Коридорот 8 е тесно поврзана со неговата голема важност од енергетска гледна точка. Ќе овозможи пристап до големите касписки енергетски ресурси преку Средоземното море. Со оглед на овој факт, важноста на овој коридор е од витално значење за Република Северна Македонија, особено за економијата на земјата бидејќи им овозможува на компаниите пристап до европските пазари“, рече меѓу другото г. Груби.
Со изградбата на Коридорот 8, нашите граѓани од Ќафа Сан до Блaце со Република Косово или со другите гранични премини ќе можат да се движат низ модерен автопат, а во исто време ќе се докаже дека економската иднина што ја нуди овој Коридор како еден нов пејзаж што се појавува на Балканот ќе потврди дека најновата историја на Југоисточна Европа ќе помине низ Скопје.