НАДЛЕЖНОСТИ

 

Link :ORGANOGRAM-MSPMB

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги врши работите што се однесуваат на:
функционирање на политичкиот систем,
обезбедување и координација на поддршка на Владата во реализација на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор;
обезбедување и реализација на финансиски средства потребни за успешно одвивање на процесот на реализација на обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор во рамките на Буџетот на Република Северна Македонија и од донаторите;
обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на Рамковниот договор;
унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците како група на државјани на Република Северна Македонија, а која традиционално живеат на територијата на Република Северна Македонија, при што нејзините припадници имаат различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености и ги води желбата за заштита и негување на тие особености;
следење на спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците;
гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на заедниците;
меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на политичкиот живот и односите меѓу заедниците;
други прашања што се однесуваат на политичкиот живот и односите меѓузаедниците;
соработување и усогласување на податоците од евиденцијата во своја надлежност со Државниот завод за статистика;
соработување и вршење на стручни работи за потребите на органите на државната и локалната власт, во дипломатски и конзуларни претставништва на Република Северна Македонија и во другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје,
следење на состојбата во односите помеѓу заедниците во Република Северна Македонија на национално ниво, по региони и во единиците на локалната самоуправа и
изготвување извештаи и препораки до Владата на Република Северна Македонија, како и до Комитетот за односи меѓу заедниците;
давање на поддршка на институциите во остварувањето на обврските од овој закон;
промовирање и преземање на мерки за унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија;
подготвување на стручно-аналитички материјали од своја надлежност за потребите на Владата на Република Северна Македонија;
давање на стручни мислења по материјалите кои се во функција на спроведување и унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија;
давање на поддршка на Владата во обезбедување на правичната и соодветната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната управа;
давање на поддршка во подготвувањето на методологија за донесување на акциони планови на Владата во областа на правичната застапеност при вработувањето;
давање на поддршка во координација на активностите со органите на државната управа и со донаторите и
врши и други работи утврдени со закон.