ГРУБИ: Трансферот на административните службеници заврши 2 месеци пред законскиот рок
Првиот вицепремиер и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците,
г. Артан Груби вели дека новите решенија за работа на административните службеници ќе им бидат доделени на администраторите до крајот на следната недела.
Груби денес соопшти дека 1.349 административни службеници вработени преку програмата К5 ќе бидат распределени на 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа и други државни органи основани во согласност со Уставот и законот.
Според Груби, административните службеници кои во рок од 7 дена нема да дојдат да ги подигнат новите решенија, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе им ги раскине договорите за вработување и ќе ги пренесе на трансфер листа од каде што ќе треба да појават на нивните нови работни места.
Ова е интегралниот говор на г. Груби на денешната прес-конференција:
Почитувани,
Во духот на Охридскиот рамковен договор, правичната и соодветна застапеност, Владата на Република Северна Македонија на 40-та седница го усвои Планот за трансфер на административни службеници вработени преку програмата К5 во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во овој посебен административен процес работеа административни службеници од повеќе институции, од изготвувањето на Законот, изготвувањето на Планот до издавањето на Одлуките и трансферот на овие административни службеници.
1.349 службеници, меѓу нив претежно економисти и правници, но и кадар со средно образование ќе бидат сместени во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа и други државни органи основани во согласност со Уставот и законот и во институциите кои вршат активности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на децата, спортот, како и во други активности од јавен интерес дефинирани со закон, но организирани како агенции, фондови, јавни институции и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
Во овој План има: Албанци, Македонци, Роми, Турци, Срби и Бошњаци.
Трансферот се врши преку систематизација на работникот на работното место на исто ниво, соодветно на работното место за кое работникот ги исполнува општите и посебните услови утврдени со актот за систематизација на работните места во институцијата во која е пренесен.
Врз основа на Планот за распределба, институциите ја одобруваат одлуката за систематизација на вработените, додека раководните лица во институциите се должни да започнат постапка за усогласување на актите за систематизација на работните места во рок од 30 дена од одобрувањето на Планот.
Министерството за финансии даде согласност за Планот, додека Министерството за информатичко општество и администрација е должно да даде согласност во рок од 7 (седум) дена за промените во систематизацијата на институциите каде се одвива трансферот на административни службеници.
Органите на државната администрација во кои ќе се распределат административните службеници се должни да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.
Почитувани, со спроведувањето на овој План, институциите во земјата ќе придонесат за понатамошна имплементација на Охридскиот рамковен договор и остварување на нашето ветување, како и на владината програма.