Скопје, 19 мај – Во рамки на активностите за одбележување на 23 Мај – националниот ден на Власите, под организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, се одржа панел дискусија на тема: „ Моменталната состојба на јазикот и образованието на Власите во Северна Македонија“.
Во аналитичката разработка на оваа тема учествуваше заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Џабир Доко и истакнати претставници на Власите во нашата земја кои ја истакнаа потребата од подиректна и конкретна поддршка од органите на централната и локалната власт за ревитализација на влашкиот јазик и култура.
Присутните се заблагодарија на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и на Дирекцијата за развој и унапредување на образованието на јазикот на заедницата за организирањето на оваа активност, истакнувајќи ја потребата од понатамошно продлабочување на соработката.